Пендаровски: Не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија

446

Претседателот Стево Пендаровски рече дека не чувствува одговорност за ветото на Бугарија во одговор на новинарско прашање и дека не постои заострување на реториката или обид да  се прикажеме како поголеми патриоти, ниту пак „смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија“. Оваа изјава тој ја даде по завршување на седницата на Советот за безбедност.

– Мој став е, ставот колку што гледам и на премиерот и на ресорните министри, дека ние не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија, во разговорите со Германија, во разговорите со било кого. Ние имаме добиено доверба од граѓаните да ја водиме оваа држава и не само во однос на овој спор, мора да покажаме не само географски, дека ние сме навистина европска држава во која има демократска власт која владее на демократски начин и која се изразува на европски начин. И ве уверувам дека и во иднина, тоа не е некаква понизност кон Бугарите. Стилот, начинот на кој ние се однесуваме од кога сме ја добиле довербата на граѓаните, мислам дека покажува дека станува збор за поинаков профил на политичари, а не за луѓе кои сакаат ситни партиски, политички или лични поени да добијат, со тоа што ќе се прикажат како големи Македонци. Ниту еден момент не е добар на лажен патриотизам да правите политички рејтинг – рече Пендаровски.

Поврзани содржини