Пендаровски не го коментира Заев за тоа што го нарече „не толку искусен политичар“

Од кабинетот на Пендаровски за Гласот на Америка изјавиле дека тој нема да ги коментира ставовите на Заев изнесени во интервјуто,

3,467

Претседателот Стево Пендаровски не ги коментира ставот на премиерот Зоран Заев искажан во интервјуто на БГНЕС каде што тој го нарекува „неискусен политичар“ коментирајќи ја неговата изјава за „живковистичка Бугарија“.

Од кабинетот на Пендаровски за Гласот на Америка изјавиле дека тој нема да ги коментира ставовите на Заев изнесени во интервјуто.






Заев во интервјуто рече:

– Верувајте ми, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Тој не е толку искусен политичар како Зоран Заев, бидејќи пред тоа работеше за Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, тој беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозна јавна личност и е целосно посветен на пријателството со нашите соседи и Република Бугарија, и секако, на интеграцијата во НАТО и ЕУ.

 

 

Поврзани содржини