Пендаровски: Не гледам проблем во предлогот за отпечаток на прст за пописот, туку во тајмингот

Не е важно дали има европско знаменце, важно е да има политичка волја и дали можеме да се усогласиме што е витален национален државен интерес - рече Претседателот.

1,669

Претседателот на државата Стево Пендаровски не гледа ништо спорно во предлогот на опозицијата да се обезбедат терминали за отпечатоци на прст за пописот доколку со тоа се даде поголема веродостојност на самата статистичка операција, но смета дека нема доволно време.

– Ако тоа е прифатливо за да имаме поголема валидност на тој попис, зашто да не, само се плашам, знаејќи ги нашите тендерски постапки, а имаме само три ипол месеци до практичното отпочнување, дека можеме да ги набавиме тие апаратчиња. Не гледам проблем во предлогот, туку во тајмингот – истакна Пендаровски во вечерашното интервју за Јавниот сервис.






Во однос на европското знаменце со кое е поднесен законот за попис, Пендаровски вели дека не е важно дали законот има европско знаменце или не, најважна е политичката волја дали може сите да се усогласат што е витален државен интерес.

– Законот за попис уште не е усвоен. Јас би сакал да го видам неговиот конечен облик. Не е важно дали има европско знаменце, важно е да има политичка волја и дали можеме да се усогласиме што е витален национален државен интерес – рече Пендаровски.

Поврзани содржини