Пендаровски не гледа потреба Уставот да се менува

635

Шефот на државата Стево Пендаровски има спротивен став од шефот на дипломатијата Бујар Османи.

„Такво нешто ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот“, истакнале од кабинетот на претседателот за Дојче веле.






Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека  Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права и нема ништо против Бугарите како етничка заедница да влезат во Уставот..

– Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот – изјави Османи.

Поврзани содржини