Пендаровски: Не е греда ако пописот се одложи за месец-два

804

Небуолоза е дека некој може да штелува процент при пописот. Сосема е неточно тоа што беше пренесувано но медиумите, дека со пописот од куќа во куќа полесно ќе се наштелува, рече претседателот Стево Пендаровски во емисијата 24 Отворено.

Пендаровски рече дека имало неколку, според него, издржани решенија на законот за попис кои ги понудила опозицијата, но власта не ги прифатила.

– Не гледам греда пописот да се одложи за месец и или два. Тоа се легитими барања на опозицијата. Време на пандемија е и треба да се мисли на безбедноста на граѓаните – рече Пендаровски.






Претседателот смета дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира.
Поврзани содржини