Македонските политичари го осудија насилството во САД

373

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на својот профил на Твитер порача дека насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата изразувајќи сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон.

„Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. Сочувство и солидарност со американските граѓани“, напиша Пендаровски.






Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа. Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер по повод синоќешните немири во Вашингтон.

„Тоа е единствениот начин да се продолжи напред“, вели Заев во пораката на Твитер.

Поврзани содржини