Пендаровски: Можно е да се промени состојбата од онаа која ја имаме сега
Од средината на вчерашниот до денешниот ден практично имаме дуплирање на бројот на заразени, рече Пендаровски.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски вечерва на Телма во емисијата Топ Тема, кој рече дека можно е да го промени ставот поради тоа што веќе имаме случај на коронавирус во Скопје, каде живеат 600.000 луѓе со околината откако беше прашан од новинарот дали ќе смени новата ситуација според која имаме 31 заболен.
– Од средината на вчерашниот до денешниот ден практично имаме дуплирање на бројот на заразени, рече Пендаровски.
– Деновиве може да се состанеме во Советот за безбедност, не е исклучено да се воведе поинаква состојба, од она што го имаме како кризна состојба во Дебар. Не е исклучено да се воведи поинаква состојба од оваа што ја имаме сега во две општини. Поради тоа што во моментов во овие две општини каде е прогласена кризна состојба работат повеќе од 350 лица, полицајци, војници, здравствени лица, а доколку се прогласи на целата територија, тоа би било невозможно – вели претседателот.
Според Пендаровски, вчера се разговарало за воведуње кризна состојба по општини како што доаѓаат по ред. Можно е Скопје да оди во таа насока, се уште не е таму бидејќи е голем град, а има малку заразени.
Претседателот Пендаровски не кажа дали ќе воведе вонредна состојба и дека одлуките кои ќе се донесат може да се очекуваат во следните денови.