„ПЕНДАРОВСКИ МОЛЧИ ЗА СЕКС-СКАНДАЛОТ ВО АРМ, ЗАТОА ШТО Е УЦЕНЕТ ЧОВЕК“ Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ го повикува врховниот командат да реагира

Мислам дека лично бил информиран меѓутоа нема преземено ништо затоа што станува збор за еден уценет човек којшто не сака да презема активност, ја чека својата номинација за мандат и токму затоа молчи – рече Ковачки во настап на ТВ Алфа.

321

ислам дека лично бил информиран меѓутоа нема преземено ништо затоа што станува збор за еден уценет човек којшто не сака да презема активност, ја чека својата номинација за мандат и токму затоа молчи – рече Ковачки во настап на ТВ Алфа.

Претседателот на државата Стево Пендаровски е уценет човек, па затоа како Врховен командант на АРМ не презема ништо за заштита на жртвите на сексуално малтретирање во армијата – обвини пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во утринска емисија на ТВ Алфа говорејќи за сексуалното вознемирување на вработени жени во АРМ од страна на високи офицери.






– Јас сум зачуден од неодговорноста на Врховниот командант затоа што тие што го правеле тоа се во негова надлежност, станува збор за многу високи офицери, полковници, генерали кои се во надлежност на претседателот на државата, односно на Врховниот командант – рече Ковачки.

Тој додаде дека претседателот на државата, како што рече, „дрско повикува сознанијата за ваквите случаи да се достават до надлежните органи, а тој не презема ништо бидејќи е уценет човек и чека номинација за втор мандат“.

– Пендаровски рече да се пријави во надлежна институција, а надлежна институција за пријавување на вакви работи е токму Врховниот командант, затоа што тој е надлежен за сите нив. Јас дури и се понудив да појдам до таму за да поразговараме, да му објаснам некои работи, да му се подразјаснат работите ако не ги знаел, меѓутоа јас се сомневам дека не ги знаел. Мислам дека лично бил информиран меѓутоа нема преземено ништо затоа што станува збор за еден уценет човек којшто не сака да презема активност, ја чека својата номинација за мандат и токму затоа молчи. Не сака скандали на крајот од мандатот, но скандалите се случени и скандалите мора да бидат расчистени затоа што тие деца таму, девојчиња, тие се нечии ќерки, сопруги итн. Не сакам да помислам некој да се стави во таква ситуација – рече Ковачки

Тоа што министерката за одбрана прво потврди дека знаела за овој скандал, а потоа демантираше, отвора сомнеж дека некој интервенирал да се забошоти овој скандал.

– Претседателот има одговорност да преземе мерки кон таквите сторители, да се спречат идни такви појави затоа што во моментот кога не преземате активности кон таквите сторители, тие имаат можност да се повторуваат во недоглед и најверојатно тоа може и да се повторува. Јас сега не можам да знам во моментов, меѓутоа тоа што министерката го потврди дека знаела, а после тоа вечерта демантираше дека не била информирана практично се фрли сомнеж дека некој интервенирал, а кој е тој што интервенирал мислам дека треба да излезат институциите и Министерството за одбрана, меѓутоа пред сѐ мислам на претседателот е тој кој што треба да каже кој е тој што вршел притисок. Дали е тој што вршел притисок, дали нему му е вршен притисок итн. Меѓутоа овој скандал не смее да остане нерасчистен – рече Ковачки.

Поврзани содржини