ПЕНДАРОВСКИ ЛАЖЕШЕ ДЕКА НЕМА ВИДЕНО ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ За после да признае дека тој го пишувал

Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал. Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг - истакнува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Левков.

343

Стево Пендаровски лажеше дека нема видено Француски предлог, се одрекуваше и негираше, за само по неколку месеци да признае дека Францускиот предлог е всушност изработен од него, посочува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој на прес-конференцијата пушти видео по кое порача дека Стево Пендаровски е политичар без став.






– Нема изјава која Пендаровски сам не си ја негирал. Со Стево Пендаровски граѓаните не знаат на што се, ниту пак кога ја говори вистината. Граѓаните уште не знаат дали Пендаровски нема видено Француски предлог или тој всушност го пишувал. Пендаровски конфузниот и манипулаторот е политичар кој не мисли за Македонија, туку на својот личен рејтинг – потенцираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Левков посочи дека Пендаровски изјавите ги дава за неговиот личен рејтинг во одреден момент.

– Едно е јасно, Пендаровски заедно со СДС се извор на сите проблеми кои Македонија ги имаше изминатите години. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме – истакна Левков.

Поврзани содржини