📷 ПЕНДАРОВСКИ ГО ВИДЕ СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ КРЕМ Кратки средби на претседателот на климатска конференција во Дубаи

Овогодинашната Климатската конференција КОП28 во Дубаи, организирана од Обединетите Арапски Емирати, е најголема досега со околу 97.000 регистрирани учесници.

955

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – КOP28 во Дубаи оствари кратки средби со повеќе видни политичари, монарси, шефови на држави и влади и министри, соопшти Кабинетото на претседателот.

Самиот Пендаровски објави галерија со фотографии од средбите на својот профил на Фејсбук.






Пендароски во Дубаи се сретна со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, со претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, со премиерот на Индија Нарендра Моди, со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, со британскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Дејвид Камерон, со поранешниот британски премиер, Тони Блер и со претседателот на ФИФА Џани Инфатино.

Овогодинашната Климатската конференција КОП28 во Дубаи, организирана од Обединетите Арапски Емирати, е најголема досега со околу 97.000 регистрирани учесници, речиси двојно повеќе од минатата година во Египет, кој беше домаќин на околу 50.000 учесници.

 

Поврзани содржини