Пендаровски го потпиша указот за законот за купорпдажбата на ГА-МА

Опозицијата бараше претседателот на државата да го суспендира овој Закон бидејќи е неуставен.

1,195

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ АД Скопје, информираа од неговиот кабинетот.

Како што е соопштено  пред да го потпише Пендаровски се консултирал со експерти од областа на енергетиката и правото.






Пендаровски се додава во соопштението, смета дека донесувањето на законот е во јавен интерес бидејќи државата ќе стане сопственик на целиот гасоводен систем и на тој начин ќе се отвори можност за диверзификација на изворите за снабдување со гас на нашата држава, како и дека ќе се создадат услови за дополнителни вложувања во изградба на дистрибутивната мрежа. Исто така, нашата држава ќе стане транзитна рута за други држави во регионот.

– Усогласениот текст на спогодбата е направен со медијаторство на „Енергетската заедница – Виена“, меѓународна организација задолжена за усогласување на правилата и принципите на внатрешниот пазар на енергија на ЕУ со државите кандидати за членство како и соседството на ЕУ – велат од Кабинетот на Пендаровски.

Во однос, пак,  на забелешките и критиките дека со ова решение е нарушено начелото на поделба на власта и дека Собранието ги презело ингеренциите на судот, претседателот Пендаровски смета дека владеењето на правото е обезбедено со надлежноста на Уставниот суд да ја контролира уставноста на законите.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица побараа претседателот на државата да не го потпишува указот на овој закон бидејќи Собранието не е  судска власт за да пресуди во однос на спорот РСМ – Макпетрол. Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително тврдат дека „Макпетрол“ со овој Закон добива повеќе пари од проценетата вредност на ГА-МА.

Поврзани содржини