Пендаровски: Го чекам предлогот за прогласување вонредна состојба

Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.

779

Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Фејсбук напиша дека доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.

„Во моментов имам информација дека предлогот на Влада на Република Северна Македонија за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста“, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.

Поврзани содржини