ПЕНДАРОВСКИ Е КРЕАТОР НА ПОЛИТИКАТА „КАКО ДО СЕГА“ Мицкоски го обвини дека го побугарчил Гоце Делчев и дека сака да се исели од Македонија

„Според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател, тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 април да почне со пакувањето на куферите и на 8 мај да се исели“, порача Мицкоски од Македонски Брод.

231

„СДСМ се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние, според нив, сме биле против ЕУ. Не, ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод.






„Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС, македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС, секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешното негово обраќање во Македонски Брод, во рамките на претседателска кампања.

– СДС се обидува да ги претстави овие избори како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние, според нив, сме биле против ЕУ. Тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ – рече тој.

Мицкоски  се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, укажувајќи дека Пендаровски е „патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети“.

– Стево Пендаровски кој што е патрон и главниот измеќар на политиките водени од неколкумина кои што се дел од раководството на Демократската унија за интеграција на чело со Али Ахмети. Главен измеќар и подизведувач на политиките на ДУИ е Стево Пендаровски. А кои се политиките на ДУИ? Тие се опишани со три збора, „како до сега“ – потсети Мицкоски.

Во врска со Пендаровски, тој посочи две главни работи кои не треба да се заборават.

– Првата и најзначајна работа е дека според Стево Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин. Втората и многу значајна работа е дека ако не бил избран за претседател, тогаш Стево ќе се иселел од Македонија. Па ајде да му помогнеме на 24 април да почне со пакувањето на куферите и на 8 мај да се исели – порача Мицкоски.

Поврзани содржини