ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ГО ПОСЕТИ РАДЕВ? Двајцата претседатели договарале скорешна средба во Софија
Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период.
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, при што му честитал за стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат.
Најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија, биле темите на кои разговарале Пендаровски и Радев.
„Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период“, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на шефот на државата Пендаровски .