ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ЈА ТУЖИ ВМРО-ДПМНЕ Очекува Обвинителството да ја испита аферата со лажни вести
Од СДСМ велат дека ова се панични знаци на нервоза од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат откако „Мицкоски го загуди ТВ дуелот од Ковачевски.
Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странскист консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со ицел финеингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење, велат од Кабинетот на шефот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека има основано сомневање дека зад мрежата за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ стојат директно Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу иц генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
„Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.
Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека ова се панични знаци на нервоза од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат откако „Мицкоски го загуди ТВ дуелот од Ковачевски.
„ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината. Затоа се обидуваат да ја сменат темата“, е реакцијата од СДСМ.