Пендаровски денеска ќе ги повика Заев и Мицкоски на средба во обид да се усогласи датумот за изборите

524

Шефот на државата Стево Пендаровски рече дека нема потреба од лидерска средба во формат како што беа оддржани претходните, но дека веднаш по обраќањето ќе ги покани лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски на средба за да го усогласат датумот за избори

– Контактирам секој ден со лидерите. Секој ден рзговарам со Заев и со Мицкоски оти мислам дека времне за губење нема. Веднаш по обраќањето ќе ги повикам на средба. Ако разликите меѓу нив се  две недели или според други информации една недела, стварно мислам дека треба да се издигнемне и да се најде решение оти не станува збор за месеци и години туку за денови. Лидерска средба од форматот на претходните ќе нема потреба поради позициите на другите лидери кои се за избори  или за 5 или за 19 јули – рече Пендаровски.

Поврзани содржини