Пендаровски: Бегството на Мијалков е неприфатливо за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет, порачува претседателот Пендаровски.

748

Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на Сашо Мијалков, реагира претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК.

– Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција – потенцира претседателот Пендаровски.






Шефот на државата очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.

– Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет – порачува претседателот Пендаровски.

 

Поврзани содржини