Пендаровски: Ако се обвинети за неделовничко работење, не треба да се судат за тероризам!

Пендаровски смета дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите 18 години затвор, бидејќи се судат за исто дело.

1,086

Апелацискиот суд ќе има работа да потврди дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски за терористичко организирање за настаните на 27 април, рече денеска на брифинг со новинарите претседателот Стево Пендаровски.

– Ако го нема Груевски тука, тогаш многу тешко може да се дојде до вистинската слика за 27 април – смета Пендаровски.






Според него, ако главниот аргумент на обвинителството е дека седницата била водена спротивно на деловникот, тогаш обвинетите треба да одговараат за неделовничко работење, а не за терористички напад.

– Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење а не организирање на терористички напад – рече Пендаровски на денешниот брифинг за новинарите.

Пендаровски смета дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите 18 години затвор, бидејќи се судат за исто дело.

Поврзани содржини