Пендаровски: Ако има нови докази за „27 април“, тогаш треба да се преотвори процесот ВИДЕО

Ние се согласивме дека луѓето ако имаат нови докази можат да побараат преотворање на процесот, па судот ќе одлучи дали тој доказ има тежина. Тоа не се лица кои се терористи, туку осудени се за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, истакна претседателот Стево Пендаровски.

429

Денешната средба беше за воспоставување на политичкиот дијалог, бидејќи за една демократија не е својствено за да постои прекин помеѓу институциите. Според мене, изминативе месеци беа изгубено време, но кога веќе губите, подобро е да загубите 10 месеци отколку 3 години. Мицкоски бараше да разговараме за проблемите со коишто се соочува државата. Му кажав дека од Софија не доаѓаат никакви новости и во кратки црти му објаснив што мислат нашите европски пријатели во Брисел, истакна претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во однос на 27 април, јас повторив дека помилување за лица кои направиле кривично дело не доаѓа предвид, бидејќи нивната вина беше утврдена. Факт е дека тие не беа осудени за тероризам, туку за терористичко делување во Собранието. Ако се следи правната квалификација на пресудите за луѓето кои го нападнаа Зијадин Села, тие луѓе беа осудени, но не за тероризам, туку за убиство во обид. Сите овие луѓе направија страшни дела, оставија тешки трауми кај нападнатите и кај нивните семејства. Мојата теза е ако продолжиме со спротивставена политичка реторика, не само што нема да дојдеме до национално помирување, туку нема да воспоставиме и базична комуникација помеѓу нас. Денеска национална вест е дека се сретнале Мицкоски и Пендаровски. Тоа во зрели демократии е рутинска работа која не е интересна за медиумите. Јас со мојата теза не правам ревизија на судските пресуди, туку зборувам за обидот за политичко толкување на пресудите, кои не придонесуваат за подобрување на состојбите. Одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носат политичарите, туку судот – истакна Пендаровски.






Двајца политичари не треба и не можат да се согласуваат за нешто за коешто постои законска одредба, додаде претседателот.

– Ние се согласивме дека луѓето ако имаат нови докази можат да побараат преотворање на процесот, па судот ќе одлучи дали тој доказ има тежина. Тоа не се лица кои се терористи, туку осудени се за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во врска со белешката која вчера протече од Агенцијата за национална безбедност, не можам да ја коментирам затоа што има постапка и не би смеел да зборувам на таа тема. Јас ја добив таа белешка и примерот по кој е објавена не е од мојот Кабинет. Воопшто не ми е мило што такви важни документи излегуваат во јавноста, бидејќи тоа не зборува добро за држава која е членка на НАТО – рече Пендаровски.

Поврзани содржини