Пендаровски: 25 години нашиот став околу јазикот и идентитетот е ист и непроменет
Претседателот на државата рече дека јазикот и придавката македонски не е спорен ниту во Преспанскиот договор.
Претседателот на државава Стево Пендаровски вели дека никој не го продава јазикот и идентитетот во разговорите со Бугарија и дека ставот е непроменет веќе 25 години. Потврда на тоа се ОН и Преспанскиот договор.
– 25 години нашиот став околку јазикот и идентиетот е ист и непроменет. Не размислуваме воопшто за некакво попуштање во тој однос. Оставете го тоа што опозицијата вели дека Зоран Заев распродава сѐ и наводно се случил народот па тој се повлекол. Тоа не е точно. 25 години нашиот став е непроменет за јазикот и иднетитетот – рече Пендаровски во интервју за телевизија Канал 5.
Тој рече дека тоа е така покажа и заедничката Историската комисија која токму на придавката македонски искажа неусогласеност и појасни дека придавката македонски и македонски јазик не е спорна ниту во Преспанскиот договор.
Бугарија рече тој бара јазикот пред 1944 година да се прифати дека е бугарски дијалект.
Во однос на заедничката историја Пендаровски рече дека одделни личности од историјата можат да се слават во двете земји, но Северна Македонија и Бугарија се две држави.
– Ако сме две држави не може да имаме иста историја – рече тој.
Пендаровски рече и дека според меѓународното право земјава на никој начин не може да се откаже од малцинството во Бугарија, но при тоа не треба да се меша во суверенитетот на Бугарија.
Тој рече дека во 2017, 2018 и 2019 година немало никаква најава од Бугарија дека ќе излезе надвор од Договорот.