ПЕЛОСИ ГО НАЛУТИ ПЕКИНГ Кина воведе санкции за претседателката на Претставничкиот дом
И покрај сериозната загриженост на Кина и решително противење, Пелоси инсистираше на посета на Тајван, сериозно мешање во внатрешните работи на Кина, поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, се вели во реакцијата на кинеското МНР.
Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи.
– И покрај сериозната загриженост на Кина и решително противење, Пелоси инсистираше на посета на Тајван, сериозно мешање во внатрешните работи на Кина, поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, газење на политиката на една Кина и загрозување на мирот и стабилноста во тајванскиот теснец – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.
Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се сфати како провокација, бидејќи официјален Пекинг островот го смета за составен дел на својата територија, а официјален Вашингтон официјално ја поддржува политиката на „една Кина“.