ПЕЛИВАНОВ И САРАМАНДОВА ИЗБРАНИ ЗА ВИШИ ОБВИНИТЕЛИ Во трката за овие две места беа 16 кандидати
Пред гласањето, дел од членовите на Советот истакнаа дека сите од пријавените заслужувале да добијат унапредување во Вишото обвинителство, и само нијанси од нивните досегашни кариери ќе бидат одлучувачки при изборот.
Советот на јавни обвинители избра двајца обвинители за Скопското вишо обвинителство.
Во трка за двете места беа 16 кандидати, а довербата од членовите на Советот ја добија поранешниот обвинител на СЈО, Трајче Пеливанов и обвинителката Наташа Сарамандова.
Пред гласањето, дел од членовите на Советот истакнаа дека сите од пријавените заслужувале да добијат унапредување во Вишото обвинителство, и само нијанси од нивните досегашни кариери ќе бидат одлучувачки при изборот.
На денешната седница беа донесени и одлуки да се распишат огласи за избор на обвинители во Државното и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
На денешната седница присутна е и в.д обвинителката на Републичкото обвинителство, Соња Симовска.