ПЕКОЛОТ ЌЕ ТРАЕ УШТЕ 10 ДЕНА, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 45 СТЕПЕНИ Нека се спасува кој може!
Се повторува летото од 2007 година - на 24 јули таа година во Демир Капија беа измерени рекордни 45,7 степени, анализира метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Деновиве во земјава се забележани високи температури како оние во летото 2007 година кога на 24 јули 2007 година е соборен и температурниот рекорд во Македонија за највисока температура од кога се мерат температурите, и тоа во Демир Капија каде се измерени дури 45.7 степени.
Вакви температури ќе имаме во земјава и во наредните десеттина, вели метеопронозерот Славчо Поповски, бидејќи нашата територија ќе се наоѓа под влијание на екстремно топол бран од Африка.
-Температурите ќе бидат екстремно високи насекаде во Македонија, што значи дека тие ќе се искачуваат до околу, па и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите, особено во текот на следната работна седмица ќе се искачат и до околу 45 степени – предвидува Поповски.
Во Скопската котлина, исто така температурите ќе надминуваат 40 степени, односно се очекуваат максимални температури кои ќе се движат во интервалот помеѓу 40 и 43 степени. УВ индексот ќе има екстремно висока вредност 10.
Според Поповски, покрај топлите денови ќе имаме и екстремно топли тропски ноќи.
-Температурите во поголем дел од Македонија и во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени – наведува Поповски.
Во ваква ситуација, се апелира да се почитуваат препораките од надлежните, односно препораките кои ги издава Институтот за јавно здравје.
Какви температури ќе имаме деновиве покажува и метеокартата која покажува како се движи африканскиот топлотен бран низа Европа