ПЕКОЛОТ ЌЕ ТРАЕ ДО СРЕДА Денеска попладне ќе има дожд и грмежи

Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени.

741

Денеска нè очекува сончево и многу топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Топлото време со мала до умерена облачност ќе се задржи до среда. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува до 40 степени.

Поврзани содржини