ПЕКОЛНИ СЦЕНИ ВО КИЕВ Бројот на загинати во рускиот напад се искачи 26, три се деца

Меѓу загинатите се и три деца, телото на едното, старо само две години, било извлечено од урнатините на станбена зграда во Киев.

680

Бројот на загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 26 лица, потврди украинското Министерство за внатрешни работи. Меѓу загинатите, трагично, се наоѓаат и три деца, од кои едното имало само две години.

„Спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете“, соопшти Министерството преку Телеграм.






Нападот се случи ноќта меѓу средата и четвртокот, кога руските сили започнаа масовен комбиниран напад врз украинската престолнина, користејќи ракети и дронови. Погодени се повеќе делови на градот, а експлозиите и пожарите траеле со часови.

Поради големиот број жртви, градските власти во Киев прогласија ден на жалост. Украинските медиуми известуваат за сцени на уништени згради, разурнати улици и траума меѓу граѓаните кои цела ноќ ја поминале во засолништа.

Поврзани содржини