🎥 ПЕКОЛ ВО ДУБАИ, ГОРИ ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ НА ПАЛМ ЏУМЕИРА Повредени се 4 лица

Службите за итни случаи веднаш реагирале и областа е обезбедена. Цивилната одбрана на Дубаи потврди дека пожарот што избувнал е ставен под контрола, соопштија локалните власти.

2,815

Четири лица се повредени во инцидент во зграда во областа Палм Џумеира во Дубаи, по пожар за кој се верува дека е предизвикан од паѓање на остатоци за време на ирански ракетен напад, соопштија локалните власти.

Прес-службата на Дубаи изјави дека службите за итни случаи веднаш биле испратени на местото на настанот и дека локацијата е обезбедена.






„Службите за итни случаи веднаш реагирале и областа е обезбедена. Цивилната одбрана на Дубаи потврди дека пожарот што избувнал е ставен под контрола“, се вели во соопштението.

Според истиот извор, 4 лица се повредени и префрлени во медицински установи на лекување.

„Властите продолжуваат да преземаат сите потребни мерки за заштита на јавноста“, се додава во соопштението.

Пожарот избувнал во близина на влезот на луксузниот хотел „Фермонт Палм“.

Фотографиите и видеата објавени на социјалните медиуми, покажуваат големи пламени и густ чад пред објектот.

Хотелот „Фермонт Палм“ се смета за еден од полуксузните објекти на Палм Џумеира, со врвни ресторани, наградуван спа-центар и базени со поглед на градот.

🎥ЕКСПЛОЗИИ ВО ДУБАИ, ЕВАКУИРАНА ЗГРАДАТА БУРЏ КАЛИФА Туристите побрзаа на аеродромот, ама летовите се откажани

Поврзани содржини