ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА Украинските војници се скршени, доцна е сега за тенковите на Западот
Дури и да сакаат западните земји, до август Украина не може да добие толку тенкови колку што ѝ треба за да може да води офанзивна војна против Русија. Се разбира, таквите загуби се одразуваат на моралот на украинската армија. Раководството во Киев може да мобилизира резервисти и неискусни млади луѓе кои објективно не можат да се борат со руската професионална армија.
Со зборовите „пекол на земјата“ украинските војници, скршени во духот и во моралот, за британски „Индепендент“ ја опишуваат состојбата во Украина. Тешко е да се војува во вакви околности, пишува весникот разгледувајќи го чудниот оптимизам кој сѐ уште се шири во Киев дека „во август украинската армија ќе ги има првите значајни победи“, барем така смета шефот на разузнавањето, Кирил Буданов.
Буданов категорично тврди дека украинската армија ќе дојде до границите со Русија кои беа во 1991 година. Според Буданов, војната ќе заврши следната година. Но, од изјавите на украинските војници се гледа дека се убиваат многу повеќе луѓе отколку што Киев објавува. Тие можеа да ги пренесат ранетите само ноќе, кога артилерискиот оган на непријателот згасна.
Западот ветува уште оружје, иако и таму мислењата за фронтот се менуваат. Некои политичари веќе се изјаснија дека на Украина е да одлучи дали ќе отстапи територија. Информациите од фронтот се лоши. Војниците за „Инедепендент“ велат дека нивниот главен проблем е што не можеле да кренат глави од рововите поради интензивниот артилериски оган на руската армија. Покрај тоа, тие немаат доволно муниција.

Предоцна e за нови тенкови и за офанзива
Тешко е да се објасни како Киев планира да започне моќна контраофанзива во август со морално скршена армија. Дури и ако Западот наскоро им даде артилерија со долг дострел, тоа не е доволно да се пробие линијата на фронтот.
Дури и да сакаат западните земји, до август Украина не може да добие толку тенкови колку што ѝ треба за да може да води офанзивна војна против Русија. Се разбира, таквите загуби се одразуваат на моралот на украинската армија. Раководството во Киев може да мобилизира резервисти и неискусни млади луѓе кои објективно не можат да се борат со руската професионална армија.
Русија нема да биде гарант на мирот?
Московскиот политиколог Николај Силаев, од Московскиот државен институт за меѓународни односи, вели дека сега е јасно дека раководството во Киев не сака да се врати на преговарачка маса, туку сака да ја продолжи војната. Според него, не е реално да се очекува дека некој од Запад сега ќе му даде такви гаранции на Киев дека некоја западна земја ќе отиде во војна против Русија поради Украина.
Дополнително, сега во Киев не ни размислуваат Русија да биде еден од гарантите на нејзината безбедност, туку сите надежи се насочени кон НАТО. Првиот дел од тој документ треба да биде готов до крајот на овој месец.

Маршаловиот план
Дводневниот состанок на европските политичари на 4 и 5 јули во Лугано, на кој се разговараше за обновата на Украина, поттикна надеж дека од Запад ќе пристигне река од инвестиции и пари за обнова.
Главната улога треба да ја има Светската банка. Целата таа активност што треба да следи се нарекува модерен „Маршалов план“, како кога Европа се обновуваше по 1945 година. Економските советници на Зеленски тврдат дека на Украина ѝ се потребни околу 750 милијарди долари за реконструкција.
Како тоа Финска и Шведска можат, а ние не?
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера, по „историската“ церемонија на потпишување на протоколот за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата, изјави дека тие две земји ќе дадат силен и важен придонес во тој воен сојуз. Од Кремљ стигна одговор дека „руското МНР има планови за безбедноста на земјата доколку НАТО се прошири“. Од Киев, пак, стигна прашање.
„Западот да одговори како Финска и Шведска можат да станат членки, а Украина не?“, праша украинскитот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба.
Одговорот може да го бараме на повеќе места. Московскиот професор по политички науки Александар Гусев вели дека постојат четири главни причини. Првата е дека НАТО не сака да влезе во отворена војна со Русија преку активирање на членот 5 на Алијансата. Втората е дека влезот во НАТО би предизвикал општа безбедносна криза во Европа. Трето, околу 40 отсто од украинските граѓани се против влез во НАТО. Четвртата причина е тоа што Украина не ги исполнува стандардите на НАТО.
Професорот Гушев посочува и дека водечките европски земји не се за влез на Украина во НАТО. Сето тоа предизвикува бунт во Киев и чувство дека Западот ги вовлекол во војна против Русија, која од ден на ден окупира нови украински територии.