ПЕКОЛ НА АКРОПОЛ Кулминира топлотниот бран во Грција

Во повеќе делови на Грција прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени, археолошките локалитети 5 часа ќе бидат затворени и препорачано е посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми.

289

Археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол во периодот од 12 до 17 часот, ќе бидат затворени поради високите температури, а во текот на денешниот ден, според метеоролозите, ќе кулминира топлотниот бран, јави дописничката на МИА од Атина.

Во повеќе делови на Грција, прогнозите се дека температурата ќе биде над 40 степени.






Од Министерството за култура утрово соопштија дека археолошките локалитети 5 часа ќе бидат затворени и препорачаа при посета на археолошките локалитети, „посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар“.

Поради високите температури, Акропол и вчера беше затворен од 12 до 17 часот.

Поврзани содржини