Пекинг: Неосновани се обвиненијата дека Кина профитира од епидемијата на новиот вирус
Нападите од САД се стратегија на републиканците пред претседателските избори, соопшти официјален Пекинг.
Официјален Пекинг соопшти дека неодамнешните обвиненија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од државниот секретар Мајк Помпео дека Ковид-19 е настанат во лабораторија во Вухан е всушност политичка стратегија на републиканците пред претседателските избори.
Портпаролката на кинескиот министер за надворешни работи, Хуа Чунјинг денеска изјави дека Кина ги повикува САД да прекинат со ширење дезинформации и да ја доведуваат во заблуда меѓународната заедница.
Чунјинг истакна дека САД треба да ги решава своите проблеми и да се занимава со пандемијата во сопствената држава.
Чунјинг ги отфрли обвиненијата, како неосновани дека Кина профитира од епидемијата на новиот коронавирус.