Пекинг: Mожеме да тестираме милион луѓе на ден

За да се зголеми бројот на персоналот во лабораториите и дополнително да се зголеми капацитетот за тестирање, во Пекинг се испратени дополнителни 200 луѓе од другите покраини.

349

Пекинг може да тестира речиси милион луѓе на ден за коронавирусот, изјави денеска кинески официјален претставник, а тестирањето продолжува низ целиот град, во обид да се спречи ново ширење на ковид-19.

Градот, кој има 20 милиони жители, го засили тестирањето откако пред повеќе од една недела се појавија групи на заразени луѓе поврзани со градскиот пазар.






За да се зголеми бројот на персоналот во лабораториите и дополнително да се зголеми капацитетот за тестирање, во Пекинг се испратени дополнителни 200 луѓе од другите покраини.

Поврзани содржини