ПЕХАРОТ ОД БАРИ ГО СКРШИВМЕ, ПАНЧЕВ ГО НОСЕШЕ ПО СВАДБИ Синиша Михајловиќ ги шокираше навивачите на Црвена ѕвезда
Во еден момент, доаѓа Дарко Панчев и го бара пехарот да го носи во Македонија. Биниќ му го дава пехарот, а Панчев го носи по свадби, раскажува легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ.
Тренерот на италијанскиот тим Болоња и легендарен српски фудбалер Синиша Михајловиќ, во едно од своите интервјуа за медиумите раскажува за „патешествијата“ на пехарот што Црвена ѕвезда го освои во 1991 година во тогашниот Куп на европски шампиони во Бари.
Михајловиќ признава дека тој и неговите соиграчи воопшто не внимавале на пехарот, иако за нив претставувал најдрагоцен предмет.
Како што рече, македонскиот легендарен фудбалер Дарко Панчев, кој беше дел од таа шампионска генерација, го побарал пехарот да го однесе во Македонија, но наместо да го стави на витрина, тој го носел по свадби.
– Тој пехар беше секаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својо крај. Потоа стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот, па кога одевме во некој локал, го земавме и го стававме на масата и почнувавме со пиење алкохол. Но, во еден момент, доаѓа Дарко Панчев и го бара пехарот да го носи во Македонија. Биниќ му го дава пехарот, а Панчев го носи по свадби. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен – раскажува Михајловиќ.