Педесет бебиња и деца биле хоспитализирани во болницата во Гевгелија, некои се на кислород
Испратени се материјали за геномско секвенционирање кое ќе покаже дали причината треба да се бара во делта сојот или пак се работи за респираторен вирус.
Респираторен синцијален вирус што порано се јавуваше во зима е причина за моментно згрижување на повеќе од педесет доенчиња и дечиња на претшколска возраст во Општата болница во Гевгелија кои развиваат дури и тешка бронхопневмонија која обично е проследена со грипот, вели доктор Љупка Урумова, началничка на детското одделение, објави Република.мк.
– Наместо појава на стомачни проблеми, кои вообичаено се јавуваат во летниот период, ние се соочуваме со бронхопневмонии со тешка симптоматологија која сме ја немале ниту во зимските периоди кога бројот на пациентите достигнал и над стотина. На неколку мали пациенти дури им е потребна и кислородна поддршка – вели Урмова.
Испратени се материјали за геномско секвенционирање кое ќе покаже дали причината треба да се бара во делта сојот или пак се работи за респираторен вирус.