ПЕЧУРКИТЕ НИКНАА, АМА НЕМА КОЈ ДА ГИ БЕРЕ Смееш да шеташ на Водно, ама не и на Даутица

Силна реакција имаше и од лицата кои ги користат шумите за рекреација, а особено од страна на скопјани кои, поради високите температури ја користат парк-шумата Водно да побегнат од градскиот пекол, а не беа сигурни дали може од денес да шетаат.

524

Бурна реакција на граѓаните откако од денеска стапи на сила забраната за движење низ шуми и шумски земјишта, особено жестоки се печуркарите кои велат дека шумите се преполни со печурки, а ти не може да ги соберат и ќе бидат оставени да изгнијат.

– Мојата куќа е на речиси 100 метри од каде што почнува шумата, претходните денови имаше дождови, а веднаш по нив се знае дека никнуваат печурки. И сега поради забраната за движење јас не можам да отидам да наберам и печурките да ги користам за јадење, а и на продадам дел од нив – ни се пожали жител на едно прилепско село.






Тој додава дека мора да ја почитува одлуката на ЈП „Национални шуми“ затоа што паричните казни се премногу високи и се движат од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност за физичките лица.

Силна реакција имаше и од лицата кои ги користат шумите за рекреација, а особено од страна на скопјани кои, поради високите температури ја користат парк-шумата Водно да побегнат од градскиот пекол, а не беа сигурни дали може од денес да шетаат.

Сепак од страна на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, како и од ЈП „Национални шуми“ пристигна објаснување каде граѓаните ќе може да се движат и покрај забраната.

За да нема недоразбирања за забраната за движење во шума, мало објаснување:

– Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30 подружници на „Национални шуми“;

– Националните паркови (Пелистер, Галичица, Шар Планина, парк-шумата Водно) се посебни субјекти и „Национални шуми“ за нив не даваат дозвола и не забрануваат движење“

Оттаму потсетуваат дека минатата година го имавме најголемиот шумски пожар во поновата историја, а штетата од него се проценува на околу 7 милиони евра само за „Национални шуми“.

– Штетата за наредните години е непроценлива, бидејќи изгоре дрвна маса од 380.000 м3 – истакнаа од „Национални шуми“ и додадоа дека забраната за движење во шума е превентивна и нема никакви други намери.

Од претпријатието соопштија дека делумната забрана за движење во шума ќе трае сè до процената дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, а истата не важи за МВР, Шумска полиција, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“ – Скопје, субјектите што вршат шумско-стопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни асортимани на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ – Скопје, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата кои се наоѓаат на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми“ – Скопје и лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ – Скопје.

Поврзани содржини