ПЕЧКАТА СЕ ЗАПАЛИЛА, НАСТРАДАЛ КРОВОТ Пожар изби во фабрика во Штип, има повредени

ТППЕ Штип информира дека добиле пријава околу 10 часот, а пожарот бил целосно изгасен околу 11 часот. 

162

Пожар избил утрово во фабрика во индустриската зона во Штип, а според портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, примени се двајца пациенти со телесни повреди.

– Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и од доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија – вели Шуманска.






ТППЕ Штип информира дека добиле пријава околу 10 часот, а пожарот бил целосно изгасен околу 11 часот.

Запалена била печка, а огнот ја зафатил и кровната конструкција. Засега не се знае колкава е материјалната штета.

Поврзани содржини