ПЕЧАТОТ ОСТАНУВА КАЈ МЕНЕ Таравари вели дека ако Села сака да оди на избори, ќе му ги потпише листите

906

Без разлика на сите случувања во Алијанса за Албанците, во Централен регистар сè уште стои дека јас сум претседател. На наша страна се фактите и аргументите и од централното претседателство, рече Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „Вреди“ за претседател на Македонија, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на телевизија Телма  во однос на неодамнешните внатрепартиски превирања.

– Очекуваме судско решение. Како и да одлучи судот, ние би прифатиле секаква одлука. Ние сме во коалиција Влен (Вреди), фракцијата која што произлезе од нас најверојатно ќе биде во заеднички листи со ДУИ. Ако речат дека одат со ДУИ, бидејќи ги немаат печатите на партијата, јавно кажувам дека сум подготвен да ги донесат нивните листи со имиња и презимиња, јас би ги потпишал и би ги однесе во Државната изборна комисија. Ако сакаат да се натпреваруваат сами, јас сум подготвен да им помогнам, да ги потпишам и да им ставиме печат на нивните листи – порача Таравари.






Тој порача дека би ризикувале, ако фракционерите од Алијанса за Албанците решат да одат сами на избори.

– Јас знам дека најверојатно ќе одат со ДУИ, меѓутоа ако сакаат да одат со сопствени листи, не е проблем. Ние би толерирале. Нека излезат на политичкиот пазар, нека се измерат и тоа е што можам да им помогнам. Печатот останува, бидејќи сите факти и аргументи се на нашата страна –  порача Таравари.

Разделбата со фракционерите во Алијанса за Албанците, вели Таравари, беше концептуална.

– Јас бев да одиме со опозицијата и да ја донесеме промената заедно со нашите пријатели. Фракцијата со господинот Села беше за да одиме сами. И сега, гледате вие, слушаме ние, дека најверојатно ќе одат со ДУИ – истакна Таравари.

Поврзани содржини