Пеце-Суперхикс: Имам колеги кои буквално веќе немаат за леб

Мислам дека министерот за здравство не може сам да се справи со коронакризата, а тој и во една прилика кажа дека без музика може да се живее и дека не е чест посетител на концерти. Значи, ако не си чест посетител на концерти, тогаш ангажирај стручно лице коешто би можело да ви помогне во носењето одлуки, рече Петар Младеновски од „Суперхикс“ за ТВ24.

2,724

Музичарите ли се виновни или угостителите? Губат од својот промет, пред затворање се голем дел угостителски објекти, а и голем број музичари планираат да ја променат професијата затоа што не можат да ја издржат кризата, вели Петар Младеновски-Пеце од музичката група „Суперхикс“ во гостувањето на ТВ24.

– Јас можеби ќе можам да го издржам сето ова и некако да испливам од оваа криза, меѓутоа имам многу колеги коишто буквално веќе немаат ни за леб. Ова е веќе осми месец откако настапите и концертите им се скратени. Затоа, понудивме протоколи за кои, за жал, морам да признаам дека ние како музичари што ги понудивме, воопшто не беа ни разгледани. Мислам дека министерот за здравство не може сам да се справи со коронакризата, а тој и во една прилика кажа дека без музика може да се живее и дека не е чест посетител на концерти. Значи, ако не си чест посетител на концерти, тогаш ангажирај стручно лице коешто би можело да ви помогне во носењето одлуки. Јас имам сознанија дека дел од протоколите и мерките се носат без претходна консултација со стручни лица, музичари и музиколози. Токму затоа имаме и смешни моменти како што е тоа со 55 децибели – рече Младеновски.






Како што додаде тој, оваа наша фела нема ист третман во оваа држава, бидејќи, како што рече, третманот е дискриминација од родов, полов, социјален карактер, а сето тоа на сметка на неколку објекти кои ги кршат забраните.

– Нашата држава е Селектодонија, селективно е сè. Мене лично не ми е јасно кој ќе биде организатор на утрешниот протест – вели Младеновски пред утрешниот протест кој се најавува пред Владата поради мерките кои се најавуваат, а со кои на удар ќе бидат угостителите и естрадните уметници.

Поврзани содржини