Пецас: Карантинот во Грција продолжен до 7 декември

Според тоа, карантинот во Грција, наместо на 30 ноември, ќе заврши една седмица подоцна.

163

Постоечките рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник, 7 декември, во 6 часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според тоа, карантинот во Грција, наместо на 30 ноември, ќе заврши една седмица подоцна.






Пецас објасни дека оваа одлука на Владата се наметнува поради епидемиолошката слика во земјата.

Поврзани содржини