ПЕЦАКОВ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ОХРИД Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ водат во неколку градови

Во овој момент кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во неколку други општини: Битола, Гевгелија, Ресен, Демир Хисар, Кратово, Ранковце, Радовиш, Василево, Пехчево, Демир Капија и во Македонска Каменица.

1,440

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа на вториот круг од локалните избори.

„Благодарам Охриде! Победааа“, напиша тој на Фејсбук.






Пецаков стана нов градоначалник на општина Охрид.

Од 16,85 отсто обработени гласачки места, според ДИК, Пецаков има 1.888 гласа, а противкандидатот од СДСМ, Константин Георгиески има 1.406 гласа.

Во овој момент кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во неколку други општини: Битола, Гевгелија, Ресен, Демир Хисар, Кратово, Ранковце, Радовиш, Василево, Пехчево, Демир Капија и во Македонска Каменица.

Поврзани содржини