ПЕЦАКОВ И ЈОРДАНОВ ПРОГЛАСИЈА ПОБЕДА ВО ОХРИД И ВО ШТИП Марко Колев останува градоначалник на Велес
Министерот за дигитални трансформации, Стефан Андоновски, во гостување во отворено студио прогласи победа во општините Радовиш, Свети Николе, Сопиште и Ресен. Тој изјави дека убедливо водат во Струмица, Охрид, Берово, Делчево, Прилеп, Штип и во Аеродром.
Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков прогласи победа.
„Историска победа! Ви благодарам Охриде! Уште појако од утре одиме!“, објави Пецаков на својот профил на Фејсбук.
Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Иван Јорданов прогласи победа.
„Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, или сооднос 6:1! Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа. На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле. Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале! Благодарам мој Штип! Благодарам мои штипјани!“, напиша Јорданов.
Марко Колев останува градоначалник на Велес откако денес, на првиот круг од локалните избори повторно победи, тврдат од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ. Според првичните резултати, тој освоил 6.337 гласови, а кандидатот на СДСМ 1.309.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за дигитални трансформации, Стефан Андоновски, во гостување во отворено студио прогласи победа во општините Радовиш, Свети Николе, Сопиште и Ресен. Тој изјави дека убедливо водат во Струмица, Охрид, Берово, Делчево, Прилеп, Штип и во Аеродром.