ПЕЦАКОВ ГО ВРАЌА ПАРАПЕТЧЕТО НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ Нa УНЕСКО не му пречат шанковите?

СДСМ остро реагира, обвинувајќи го новиот градоначалник дека сака да го врати Охрид во минатото.

6,099

Шанковите, потпорните ѕидови и другите објекти на охридските плажи пак ќе се изградат. Ова денеска го вети новиот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков.

Локалната власт под водство на СДСМ ги урна овие објекти, со објаснување дека тоа е согласно со препораките на УНЕСКО плажите да останат слободни и да не бидат концесионирани,






Пецаков смета дека не станува збор за дивоградби туку само проекти кои биле лошо изменаџирани од минатата локална самоуправа. Тој тврди дека и досега немало акција на уривање на дивоградбите во Охрид. Ќе има јавно наддавање и од идното лето тие пак ќе работат.

На изјавата на Кирил Пецаков остро реагираше СДСМ, обвинувајќи го дека сака да го врати Охрид во минатото. Од вкупно 1.076 дивоградби во Охрид, 409 се лоцирани во заштитниот појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот, тврди опозицискиот СДСМ.

Поврзани содржини