ПЕЦАКОВ ДОБИ КРИВИЧНА Наместо во изолација, според МВР, бил на Водици

Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на корона вирус и, наместо во самоизолација, истиот ден, присуствувале на јавна верска манифестација“, се наведува во кривичната од СВР Охрид.

312

СВР Охрид поднесе кривична пријава за градоначалникот Кирил Пецаков поради тоа што, како што се наведува во соопштението од МВР, не постапил според здравствените прописи за време на епидемија.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’, СВР Охрид до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против К.П.(37) и А.К.(37), двајцата од Охрид. Пријавените, на 19.01.2022 година се тестирале за дијагностицирање на корона вирус и, наместо во самоизолација, согласно одлуките за превентивни препораки за заштита на здравјето на населението од заразната болест, истиот ден, присуствувале на јавната верска манифестација по повод верскиот празник Богојавление-Водици 2022 година одржана во Охрид“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини