ПЕЈПАЛ СТАНУВА БАНКА Планот е да ја намали зависноста од трети страни

Компанијата веќе ја избра Мара Мекнил да биде претседателка на „Пејпал банка“. Таа има повеќе од две децении искуство во банкарството и комерцијалното кредитирање, а претходно беше извршен директор на „Тојота Фајненшл Сајвсинг бенк“.

218

Компанијата Пејпал (PayPal) со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, поднесе барање до Одделот за финансиски институции во Јута и Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) за основање банка за индустриски кредити.

Доколку биде одобрено барањето ќе му помогне на PayPal да ја зајакне својата понуда за кредитирање на мали бизниси во САД и да ја намали својата зависност од трети страни.






– Обезбедувањето капитал продолжува да биде значајна пречка за малите бизниси кои се стремат да растат и да се прошират. Основањето на PayPal Bank ќе го зајакне нашиот бизнис и ќе ја подобри нашата ефикасност, овозможувајќи ни подобро да го поддржиме растот на малите бизниси и економските можности низ САД – рече извршниот директор на PayPal, Алекс Крис.

PayPal, исто така, планира да им понуди на своите корисници штедни сметки со камата. Компанијата соопшти дека обезбедила повеќе од 30 милијарди долари кредити и капитал од 2013 година.

Компанијата веќе ја избра Мара Мекнил да биде претседателка на „Пејпал банка“. Таа има повеќе од две децении искуство во банкарството и комерцијалното кредитирање, а претходно беше извршен директор на „Тојота Фајненшл Сајвсинг бенк“.

Поврзани содржини