Пејачот Хари Стајлс е првиот маж на насловната страница на „Вог“ ФОТО

354

На насловната страница на декемвриското издание на познатото модно списание „Вог“, се појави, по првпат сам, маж.

Тоа е Хари Стајлс – поранешен пејач на групата „Уан дирекшн“.






Младиот пејач облече и фустан за фотографирањето и изјави дека „како дете дефинитивно сакал убави модерни фустани“, па и дека „како млад носел хулахопки“ за училишна претстава.

Хари Стајлс, кога бендот се распадна и започна солокариера, почна да покажува поголем интерес за високата мода, па, од 2015 година, често присуствува и на модни ревии. Тој честопати носел необична облека и експериментирал со сопствената сексуалност, како што вели.

Продолжува да го гради ликот на „стрејт-маж“, но и не се плаши да носи облека што традиционално е резервирана за жени.

Првпат на насловната страница на најпрестижното списание за жени „Вог“ позира маж во здолниште (ФОТО) | Убавина и здравје

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини