Пејачот ги извади завоите од лицето и ја шокираше јавноста ФОТО+ВИДЕО

4,170

Познатиот канадски пејач Д Викенд објавил видео за песната „Save Your Tears“ во кое ја шокираше јавноста со својот изглед.

Пејачот минатата година веќе го издаде албумот „Afterhours“. За едно од најдобрите изданија за 2020 година, во секој спот и за секој настап тој го носеше истиот костум и завои на крвавото лице, и на никого не му беше јасно зошто се одлучил за ваков стил.






Меѓутоа, со објавувањето на новото видео, тој ги шокираше обожавателите со својот значително трансформиран изглед. Во спотот тој го носеше истото црвено палто што го користеше за време на секој свој настап и видеото, но сега со една важна разлика.

Пејачот користел простетика за да симулира изглед на екстремни пластични операции, вклучително и филери околу јагодичните коски и усните, и на тој начин го „оправдал“ изборот на носење завои за секој настап.

Д Викенд неодамна ги нападна Академијата и Греми наградите откако остана без номинации иако минатата година имаше неколку значајни хитови.

„Греми е корумпиран. Ми должите транспарентност мене, на моите обожаватели и на индустријата”, порача пејачот преку Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини