ПЕЈАЧКАТА ЗАХАРА ПОЧИНА НА 35 ГОДИНИ Имаше ангелски глас, но алкохолот ја уби
Захара, чие вистинско име е Булелва Мкутукана, се прослави во 2011 година со албумот „Loliwe“, а беше активистка во кампањата против насилството врз жените во Јужна Африка.
Поп-пејачката Захара почина на 35-годишна возраст. Таа имала проблеми со црниот дроб предизвикани од повеќегодишна злоупотреба на алкохол.
Африканската поп-пејачка која се најде и на листата на Би-би-си на 100-те највлијателни жени во светот, почина во болница во Јоханесбург, Јужна Африка.
Захара, чие вистинско име е Булелва Мкутукана, се прослави во 2011 година со албумот „Loliwe“, пееше и самата се научи да свири гитара.
Пејачката со години се бореше со зависноста од алкохол, а минатиот месец беше хоспитализирана.
Министерот за култура на Јужна Африка, Зизи Кодва, ја информираше јавноста за смртта на пејачката и рече дека владата му помага на семејството.
Таа ја изведе главната песна за Нелсон Мандела во неговиот дом во 2013 година пред неговата смрт. Захара, исто така, водеше кампања против насилството врз жените во Јужна Африка, што го опиша како „пандемија“ во земјата во 2020 година.
Таа откри дека била нападната од маж кој ја испрскал со солзавец додека била во нејзиниот автомобил.
„Мажите се чувствуваат како да имаат право на жени, како жените да се нивни. На мажите во Јужна Африка, сѐ што им е важно се самите тие“ – истакна Захара во едно интервју за Би-Би-Си.