ПЕЈАЧКАТА УАПСЕНА ВО АМСТЕРДАМ Пијана дивеела по аеродромот (ФОТО)

Ари била исклучително дивјачки настроена кон вработената во авиокомпанијата, а цело време била во алкохолизирана состојба.

669

Познатата пејачка Ари Ленокс е уапсена поради агресивното однесување кое го манифестирала во Амстердам.

Ари била исклучително дивјачки настроена кон вработената во авиокомпанијата, а цело време била во алкохолизирана состојба.






Како што пренесуваат странските медиуми, холандскатата полиција веднаш реагирала и ја уапсила пејачката, па за да се избегне поголем проблем, решиле да ја приведат Ленокс и да ја доведат во полициска станица.

Холандските власти одбиле да кажат кога пејачката ќе биде пуштена од притвот, повикувајќи се на тековната истрага за други закани за кои тврдат дека Ленокс ги рекла.

Ленокс напишала на својот налог на Твитер додека инцидентот бил во тек:

„Ме уапсија“.

 

„Само сакам да си одам дома. Никогаш повеќе нема да ја напуштам мојата куќа“, напишала потоа пејачката.

Портпаролот на полицијата Роберт ван Капел изјави за Ројтерс: „Нашата единица наиде на жена со многу емотивни реакции, која не се смируваше. Затоа мораше да биде приведена“.

Поврзани содржини