Пејачката Сиа во интервју за „The Morning Mash Up“ потврди дека минатата година посвоила двајца тинејџери кои поради своите години морале да ги напуштат згрижувачките семејства.
– Всушност, посвоив двајца синови минатата година. Тие тогаш имаа 18 години, а денес имаат по 19. Престари се за згрижувачкиот систем. Да, и јас ги сакам – открила Сиа.
Зборувала за прилагодувањето во изолација на кое биле приморани поради пандемијата на коронавирусот. Како што раскажала, еден од нејзините синови имал тешкотии во прилагодувањето на живот во четири ѕида.
„На двајцата им е мошне тешко, но на едниот му е потешко отколку на другиот. Моментално двајцата прават работи кои се навистина добри и корисни за нив. Тие навистина многу се посветени на нивното образование“, открила таа.
За мајчинството првпат проговорила во интервју за „Џеј Кју“, кое било објавено на почетокот на годината, а тогаш признала дека сè уште трага по личноста со која би била во сериозна љубовна врска, пренесува „Пипл“.