ПЕЈАЧКАТА ШОКИРАШЕ СО ЕМОТИВНАТА ОБЈАВА Го изгубив бебето, огромна е тагата (ФОТО)
Таа не откри колку точно е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека отчукувањата на срцето на бебето повеќе не се слушаат.
Џеси на Инстаграм објави фотографија на која држи тест за бременост. Таа не откри колку точно е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека отчукувањата на срцето на бебето повеќе не се слушаат.
View this post on Instagram
„Уште вчера наутро се смеев со пријателката велејќи: „Сериозно, како ќе го издржам мојот настап во Лос Анџелес утре вечер без да ѝ кажам на публиката дека сум бремена? Веќе вчера попладне бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се скршам… По третиот ултразвук ми рекоа дека отчукувањата на срцето веќе не се слушаат…“, напишала пејачката во емотивната објава.
„Утрово. Се чувствувам како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе се каам што го објавив ова. Можеби не. Не знам“, заклучила таа.
Џеси исто така рекла дека „одлучила сама да има дете“ затоа што тоа е „нејзиниот животен сон и затоа што животот е премногу краток“.
„Забременувањето беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го доживеам повторно“, додала таа.
Пејачката, на која претходно ѝ рекле дека не може да има деца, потоа објаснила дека е решена да го одржи концертт во Лос Анџелес, не за да ја „избегне тагата“, туку затоа што мислела дека пеењето ќе ѝпомогне.
– Имав два настапи за две години и тоа ѝ треба на мојата душата. Денеска уште повеќе. Знам дека некои ќе кажат дека треба да откажам. Но, во моментов сум сигурна само во едно. Почнав да пеам кога бев млада поради радост, за да ја исполнам својата душа, тоа никогаш не се променило и морам тоа да го обработам на свој начин – објаснила пејачката.
„Сè уште сум во шок, тагата е огромна. Но знам дека сум силна и знам дека ќе бидам добро. Знам и дека милиони жени ширум светот ја почувствувале оваа болка и повеќе од тоа. Се чувствувам блиску и до оние што ги знам и оние што не ги познавам. Тоа е најосаменото чувство на светот“, заклучила таа и ѝ порачала на публиката да ќе се видат вечерва на концертот во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм