ПЕЈАЧКАТА ОБЈАВИ НА ИНСТАГРАМ По 16 години брак официјално се разведоа Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
Српската пејачка Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ официјално се разведоа по 16 години брак, а оваа вест пејачката ја сподели преку својот инстаграм-профил.
Српската пејачка Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ официјално се разведоа по 16 години брак, а оваа вест пејачката ја сподели преку својот инстаграм-профил.
„Потпишав спогодбен развод по 16 години. Сама. Наспроти мене на сликата се мојот адвокат Милан Атељевиќ и овластениот адвокат на мојот поранешен сопруг кој не дојде. Не прашав зошто. Поради различни медиуми и социјални шпекулации, ќе додадам дека сиот заеднички имот (стекнат во брак) е за нашите деца. Старател на нашите деца Атина и Ника сум јас. „Другата страна“ немаше поинаков предлог. Иако некои многу мудри велат дека за доброто на децата бившите сопружници треба да бидат во коректни односи, јас веќе не сакам никаква врска или контакт со претходниот период од животот освен ако се работи за живот или смрт. Во тој случај веројатно ќе умрам. Бидејќи, секој може данаправи деца, тоа е лесно, секој може да се ожени, но не може секој да биде сопруг. Мажот е тој што стои до сопругата како што се вели при потпишувањето на брачниот договор – во добро и во лошо… а мене за или за среќа, животот ме „награди“ со сила да ги надминам сите проблеми, подеми и падови, низ морето зло, солзи и лоши работи сите изминати години… Одам сама. Знам. Тешко е да застанеш до мене, тешко е да одиш до мене и уште потешко е да застанеш пред мене. Претпоставувам затоа што сум многу страшна. Често велат дека сум ЛУДА, веројатно се во право. Отсега до мене може да застане само ЛУД како мене, како што знам јас, лудо да сака, дури и кога цел свет ме мрази. Немам што повеќе да додадам драги судија“, напиша Јелена.