ПЕЈАЧКАТА НАСТАПИЛА ЦЕЛОСНО ГОЛА ВО ЕМИСИЈА Имала само чизми на себе (ФОТО)

Кејси Масгрејвс целосно гола, таа ја извела песната „Justified“ од својот нов албум, а интимните делови ги покрила со гитарата.

1,078

Шоуто „Сабота вечер во живо“ ја започна својата 47-ма сезона со – голотија.

Гостинка во емисијата била пејачката Кејси Масгрејвс (33), која пеела на сцената додека на себе носела само пар каубојски чизми.






Целосно гола, таа ја извела песната „Justified“ од својот нов албум, а интимните делови ги покрила со гитарата. Ова е првиот разголен момент во историјата на оваа забавна емисија.

– Беше гола. Ги преземавме сите мерки на внимателност, но ова првпат се случува во емисијата – потврдил за „Вариети“ портпаролот на Кејси.

По провокативниот настап, Кејси уште еднаш се вратила на сцената за да ја изведе песната „Camera Roll“, но тогаш се појавила целосно облечена, во фармерки и кошула.

Масгрејвс на Твитер, осврнувајќи се на својот настап, споделила фотографија од познатата сцена од филмот „Форест Гамп“ во која Џени настапува гола, прекриена единствено со гитарата.

Кејси Масгрејвс е кантри пејачка, добитничка на повеќе Греми награди помеѓу кои и онаа за албум на годината и најдобра кантри песна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A C E Y (@spaceykacey)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини